За нас
Здружението за развој и унапредување на образованието и науката ФУТУРЕ МИНДС Скопје е граѓанска организација која промовира, информира и реализира активности за унапредување на образованието и науката, и поведува иницијативи и учествува во градење на јавното мислење и креирање на политиките во тие области.
Главни активности на Здружението ФУТУРЕ МИНДС Скопје се:
- Да подготвува и поднесува апликации за проекти поврзани со развојот и унапредувањето на образованието и науката, со фокус на проектите финансирани од Европската унија.
- Да ги реализира одобрените проекти поврзани со развојот и унапредувањето на образованието и науката.
- Да организира манифестации и јавни дебати за подигнување на свеста за потребата од развој и унапредување на образованието и науката.
- Да организира и учествува семинари и советувања на кои се разгледува прашањето за развојот и унапредувањето на образованието и науката.
- Да предлага мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби, со цел унапредување на регулативата во областа на образованието и науката, како и да учествува во следење на нејзината имплементација.
- Да организира и спроведува обуки за развојот и унапредувањето на образованието и науката.
- Да соработува, да се поврзува и да се зачленува во други домашни и меѓународни организации кои работат на иста или слична проблематика.
- Да обезбедува материјални, финансиски и правни услови за работа на здружението и неговите членови.
Целна група на Здружението ФУТУРЕ МИНДС Скопје се сите луѓе без разлика на нивната национална, религиска или друга припадност или определба.